Зошто интернет маркетинг?
Следејќи ги последните светски трендови во огласувањето и користејќи ги најновите технологии и практично неограничените можности кои ги нуди интернетот, решивме и кај нас да понудиме дел од големиот број услуги кои во светот се обединети под еден назив – Интернет маркетинг.
еАбакус Комуникации претставува збир на неколкугодишно искуство, континуираното надградување и ентузијазам на млади луѓе, кое истото го потврдуваат со голем број сертификати и признанија од областа на интернет технологиите, новинарството, графичкиот дизајн и мајркетингот.
Во оваа „авантура“ наречена интернет маркетирање тргнавме храбро, свесни за големиот број на тешкотии и проблеми на кои можеме да наидеме при имплементацијата на нашите идеи и внесувањето на позитивни искуства од целиот свет, но одлучни да ја ставиме Македонија и нејзините компании на мапата на високоразвиениот свет, рамо до рамо со многу големи и помоќни држави и индустрии.
Имајќи предвид дека на глобалната мрежа сите сме еднакви и нема ниту физички, ниту политички ограничувања се одлучивме на секој заинтересиран правен субјект, без разлика на предвидениот буџет за рекламирање, да му понудиме решение со кое својот производ или услуга ќе ја пласира пред огромен аудиториум, специјално таргетиран според неговите потреби. Токму затоа го избравме слоганот „Ние го знаеме патот до 1.000.000.000 посетители“. Некој ќе каже преамбициозно, но имајќи го предвид фактот дека во светот има регистрирано преку 1,4 милијарда интернет корисници, таа бројка и не мора да е научна фантастика.
Втор аспект кој не натера да размислуваме во оваа насока е релативно скапиот „класичен маркетинг“ кој многу компании не можат да си го дозволат. Не навлегувајќи во предностите и недостатоците кои тој ги нуди, ние се решивме за еден малку поинаков пристап кој во никој случај нема да чини многу, а ќе има позитивни ефекти посебно ако сакате да се претставите пред поширок аудиториум.
На оваа интернет локација ќе ги најдете услугите кои ви ги нудиме, ќе можете да прочитате повеќе за она што досега беше достапно на компаниите од високо развиените држави, а секогаш сме достапни за презентација со која ќе се уверите дека токму ВИЕ можете да бидете најпосетувана интернет страница, а со вашиот продукт или услуга да биде запознаен секој заинтересиран, секаде во светот.







